ЧПП

П1: Кога е основано Радио Роса?
О1: Радио Роса е основано во 1993 година во Охрид како дополнителен извор на музика во западниот регион, и 1994 година во Кочани како дополнителен извор на музика во источниот регион. Двете станици се изведени од тогашното национално Радио Рос кое беше основано во 1992 во Скопје.

П2: Зошто Радио Рос го смени името во Радио Роса?
О2: Со продажбата на Радио Рос во 2002 година, сопственикот на радиото, не сакајќи да ја остави македонската слушателска публика без радио-станица која емитува 100% народна музика 24/7, го користи името на згаснатото Радио Роса и ја продолжува традицијата на нова фреквенција, сегашната 98,1фм.

П3: Кој е основач на Радио Роса?
О3: Основач на Радио Рос и Радио Роса, и целосен сопственик на Радио Роса е Александар Димитров од Скопје.

П4: Која е таргет публиката на Радио Роса?
О4: Радио Роса, кое по својот формат е единственото радио кое 24/7 емитува 100% македонска народна музика има широк спектар на таргет публика, почнувајќи од пасивните слушатели во јавниот и приватниот превоз, па се до специфични нишки во индустријата кои користат народна музика за подобрување на работната атмосфера…
…и тоа без ограничување на возраста, едноставно, од најмладо до најстаро – вљубеници во македонската народна музика.

П5: Која е терестријалната покриеност на Радио Роса? Каде зрачи?
О5: Радио Роса има концесија на РЕГИОНАЛЕН радиодифузер, со опсег на зрачење во Скопскиот регион, опфаќајќи ги клисурите кон патот за Тетово, на север до Куманово, на исток до Катланово, со исклучок на потегот Пинтија-Драчево, кој претставува физичка дупка за сигналите на сите регионални концесионери кои се лоцирани со предавателите на средно Водно. Освен аналогниот радио сигнал, веќе 15 години, звукот на Радио Роса се пренесува дигитално низ целиот свет преку нашата веб-страна и другите интернет радио платформи.

П6: Дали Радио Роса е финансирано од државата?
О6: НЕ. Радио Роса е 100% финансирано од приходи од реклами и од донации на слушатели.

П7: Колку години постои Фолк Фест Роса?
О7: Првиот Фолк Фест Роса се одржа во далечната 2000 година како Фолк Фест Рос 2000. Фестивалот е еден од ретките фестивали кој има непрекината традиција на одржување од преку 20 години.

П8: Кога се одржува Фолк Фест Роса?
О8: Фестивалот традиционално се одржува секој последен петок во месец Ноември.

П9: Како Радио Роса придонесува за одржувањето и развојот на македонската музика, култура и традиција.
О9: Првенствено, во мисијата за одржувањето и развојот на македонската музика, култура и традиција, борбата ја започнуваме со внимателно одбрана музичка програма. Тоа подразбира и ангажирање на професионални спикери кои внимаваат на дикцијата и правоговорот. Горди сме што успеавме да обучиме значителен број на талентирани спикери низ годините.
Потоа тука се и проектите, емисиите како и најтешкиот дел за организирање и реализирање – фестивалот и концертите.
П10: Како можеме да го поддржиме Радио Роса?
О10: Секоја ваша интеракција со нас е наша поддршка. Фирмите и поголемите бизниси можат да нè поддржат преку закуп на рекламен простор, додека пак сите љубители, ентузијасти и поддржувачи, можат да испратат средства во форма на поздрави и честитки на следниот линк:

За нас

Радио Роса е единствено радио по својот формат кое повеќе од 25 години непречено емитува
100% македонска народна музика и поради тоа се вбројува во топ 5 радиостаници во Македонија.

Контакт инфо
  • Бул. Партизански Одреди 48/2 Скопје
  • +389 2 3068-300
  • contact@radiorosa.com.mk
Наша фан страна на Facebook
Privacy Settings
We use cookies to enhance your experience while using our website. If you are using our Services via a browser you can restrict, block or remove cookies through your web browser settings. We also use content and scripts from third parties that may use tracking technologies. You can selectively provide your consent below to allow such third party embeds. For complete information about the cookies we use, data we collect and how we process them, please check our Privacy Policy
Youtube
Consent to display content from Youtube
Vimeo
Consent to display content from Vimeo
Google Maps
Consent to display content from Google