За Радио Роса
Зошто Радио Роса?
Затоа што сме меѓу најстарите приватни радио станици во земјата
со преку 25 години непрекинато постоење
– голем временски период во кој стекнавме многу искуства, се изборивме со многу предизвици, го рафиниравме звукот до најдобриот можен баланс кој би го заситил секое слушателско уво.
За нашите слушатели:
Ги поставуваме музичките стандарди. Емитуваме внимателно одбрана музика. Правиме најдобар можен баланс на програмската шема. Се бориме против музичкиот шунд. Имаме постојана интеракција со нашата слушателска публика.
За нашите клиенти:
Го дефинираме квалитетот.
Ги пласираме вистинските информации навреме.
Нудиме максимална грижа за своите клиенти.
Обезбедуваме широка маса на лојална слушателска публика.
Имаме јасно дефинирана слушателска публика како таргет за нашите клиенти

Роса продукција
„Роса Продукција“ дооел – Скопје е правно лице кое ја претставува нашата секундарна дејност – организирање на културно-уметнички манифестации од фолклорен и забавен карактер како солистички и групни концерти, па се до фестивали и промотивни настани.
Главен ангажман на продукцијата е организирање на фестивалот „Фолк Фест Роса“ кој се одржува секоја година, традиционално – во последниот петок во месец Ноември, во Универзалната Сала во Скопје. Фестивалот „Фолк Фест Роса“ низ годините се изгради како најреномиран фестивал за промовирање на македонската новосоздадена народна песна.
Роса Продукција исто така успешно ги реализираше следниве естрадни концерти на:
Миле Кузмановски (26.04.2010г. – јубилеј 20 години)
Миле Кузмановски (16.04.2012г.)
Благоја Грујовски (11.04.2013г.) по повод 20 години од неговата музичка кариера
Миле Кузмановски (14.02.2014г.)
Марјан Коцев (11.04.2014г.) по повод 20 години од неговата музичка кариера
Ефто Пупиноски (16.05.2014) по повод 40 години од неговата музичка кариера
Момо Николовски (24.04.2015) по повод 40 години од неговата музичка кариера
Сузана Спасовска (04.03.2016) по повод 40 години од нејзината музичка кариера
Милан Завков (17.04.2017) по повод 40 години од неговата музичка кариера
Марјан Коцев (29.03.2018г.)